ФАБРИКА НА БИЗНИС ИДЕИ

ОСУ,,Јовче Тесличков“Велес,организираше несекојдневен настан, наречен ФАБРИКА НА БИЗНИС ИДЕИ! Настанот се одржа on- line, на платформата zoom на кој се претставија и натпреваруваа 11 тима составени од ученици од деветтите оддделенија од основните училишта во градов – ООУ„Кирил и Методи“, ООУ„Блаже Конески“ ООУ„Панко Брашнаров“ и ООУ„Васил Главинов“ Велес.

Учениците пред присутните на платформата – наставници, директори, родители, соученици, преставници на бизнис секторот и други гости, се претставија со своите иновативни бизнис идеи, кои се плод на нивните истражувања и повеќемесечна тимска работа заедно со наставниците по иновации од ОСУ,,Јовче Тесличков“ Велес .„

Процесот на креиеање бизнис идеи деветтодделенците го започнаа пред неколку месеци, на часовите по Иновации, преку методологија– Design Тhinking, која е всушност е начин на работење и размислување, односно еден вид на упатство со конкретни чекори преку кои учениците полесно и побрзо ги решаваат проблемите.

Со Design Thinking учениците креираа иновативни решенија за одредени проблеми кои се важни за нив, а потоа од нив креираа производи кои се воодушевувачки“.- ни рече Маја Талеска-Панова,професор по Економски предмети и Иновации.Настанот беше организиран под мотото ,, Инспирација, Креација, Презентација – градиме пат кон претприемачка иднина“.

Фабрика на Бизнис Идеи претставува реална шанса учениците да ги покажат своите знаења, а компаниите да препознаат млад претприемачки потенцијал.,,Учениците имаа повеќе претприемачки предизвици, односно преку своите презентации имаа можност да се истакнат во некоја претходно зададаена категорија, за на крај да се здобијат со димпломи, и тоа за Најдобра Маркетинг Стратегија,

Најдобар Бизнис Концепт и Најиновативна Бизнис Идеја“- ни објасни Радмила Андовска, професор по Економски предмети и Иновации.Примарна цел на настанот е учениците-деветтооделенците да покажат способност за развивање на бизнис идеја и да ја претстават на концизен и краток начин. А општи цели на настанот се поттикнување на креативно размислување кај учениците, развивање на комуникациските вештини, унапредување на чувството за тимска работа и комуникација во група.

Според Каролина Манаскова и Бранка Андовска, професорки по Економски предмети и Иновации, целите на настанот беа остварени, а деветтодделенците што учествуваа заслужуваат само пофални зборови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *